АМБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА ВО ПОСЕТА НА ТППЕ – КОЧАНИ

февруари 26, 2026
1 минути

Амбасадорот на Австрија во Република Македонија Мартин Памер денешната посета на Општина Кочани ја искористи и да ја посети Територијалната Противпожарна Единица – Кочани.

За време на посетата од страна на Командирот на единицата Драган Апостолов беше запознаен со работата на единицата, и нејзините услови за работа. По разгледувањето на  возниот парк доби многу јасна слика за условите со кои работи единицата.

За време на разговорите покажа интерес за донирање на  опрема како и за набавка на возила за гаснење на пожари, донации кои и те како и се потребни на ТППЕ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ