АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

јули 10, 2025
0 минути

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во официјална посета амбасадорот на Чешка во Македонија, Н. Е. Јарослав Лудва.

Амбасадорот се интересираше за состојбата по трагедијата и начините за справување со последиците од неа. Посебен интерес покажа за функционирањето на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица, за нивната опременост и екипираност.

Во разговорите беше истакната можноста за набавка на дронови за ДПД и ТППЕ, коишто ќе бидат презентирани од фирми од Чешка.

Крстевски соопшти дека добриот глас за кочанскиот ориз во дипломатските кругови, отвора можност за негова промоција и пласман на пазарот во Чешка.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ