АНАЛИЗА НА НОВИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

декември 29, 2025
1 минути

Градоначалникот Владко Грозданов организираше работен состанок со претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ТППЕ- Кочани, автошколи, транспортни и такси-компании, на кој беше анализирана моменталната состојба на сообраќајот во центарот на Кочани, по измената на сообраќајниот режим.

Сите претставници дадоа свои видувања, размислувања и предлози со кои може да се подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје.

Една од најитните мерки што треба да се преземе е службите на МВР, ТППЕ и општинските комунални редари да го регулираат сообраќајот во најфреквентните временски периоди. Наредниве денови ќе се реализираат градежни активности на коловозите опфатени со измената на сообраќајниот режим, ќе се собираат и анализираат статистички податоци за бројот на возилата во централно градско подрачје, како и причините и можните решенија за тесните сообраќајни грла. Сите изнесени предлози, препораки и барања од граѓаните ќе бидат земени предвид.

Од состанокот произлегоа неколку апели: да се почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, возилата да не се паркираат на кружни текови, автобуски постојки и на паркинг-места за инвалиди. За да се олесни работата на КЈП „Водовод“, да не се паркираат возила пред контејнерите.

Со поголема претпазливост и  со почитување на сообраќајните правила ќе се овозможи подобар проток на сообраќајот во централното подрачје на Кочани во претстојните празнични денови.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ