БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР Е ДОНАТОР НА СИЛИКОНСКИТЕ ПОМАГАЛА ЗА СЕДУМ ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“

мај 18, 2025
0 минути

Од сигурни извори дознаваме дека Бугарски политичар ќе биде еден од донаторите на силиконските помагала за седумте настрадани од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои се лекуваа во клиниката „Пирогов“ во Софија.

Повредените имаат потреба од силиконски маски, кратки и долги силиконски ракавици, силиконски чизми и други силиконски помагала што им се потребни за закрепнување и анулирање на лузните после операциите.

Ако се знае дека силиконските помагала се доста скапи а седуммината имаат потреба не само од еден туку и од повеќе такви силиконски помагала, тогаш потегот на овој Бугарски политичар кој бараше дискреција е за поздравување.

Ова е веќе втор Бугарски политичар кој донира помош за настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред него Депутат во Народното Собрание на Република Бугарија  Манол Пејков за краток период собра околу 40.000 Евра кои во Кочани ги донираше на оние на кои најмногу им беа потребни.

Штета што и нашите Пратеници и политичари така не размислуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ