ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ И ПОНАТАКА ТОНЕ ВО МРАК

февруари 4, 2026
1 минути

До порталот komarec.com.mk пристигнаа неколку фотографии и прашање од наш сограѓанин.

„И по кој знае колку месеци Кочани е во мрак, особено ќејот на реката во центарот на градот. Нека се направи една снимка со дрон во вечерните саати за да се види колку градот не е осветлен. Упатувам молба до градоначалникот да помалку се слика преку ден за да има време да размисли како да го среди градот во кој однесе победа неговата партија и тоа после трагедијата што го зафати не само Кочани туку и целата држава. Градоначалниче избрани сте да ги решавате овие проблеми, си плаќаме редовно улично осветлување ама вие за да заштедите дозволувате приклучоци на црно да ја трошат струјата наместо градот да ни биде осветлен. Срамота е во градот од Шопинг центарот па се до плоштадот од двете страни на реката и на мостовите од 30 светилки да светат само три до четири. Така не е добро и затоа намалете ги посетите преку ден и сликањето почнете да работите за да сите видеме дека нешто ќе остварите од обеќањата за време на изборите“, стои во текстот што ни е испратен.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ