ЧЛЕНОВИ ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „БОРЕНКА“

декември 5, 2025
0 минути

Во организација на Сојузот на извидници на Македонија денес во Неготино по повод „5. Декември – Денот на волонтерите“ со засадување на дрвца  се реализираше проектот „Боренка“.

Во реализацијата на проектот „Боренка“ учество зедоа и 20 членови од Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани.

Тие заедно со другите извидници од Македонија засадија дрвца во „Гоцева шума“ во Неготино.

Патролата од ИО „Ластовица“ од Кочани во Неготино беше под водство на Мелани Манасиева.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ