ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШЕН НА МАРАТОНОТ ВО ТРОМСО (НОРВЕШКА)

Во Спорт
јуни 20, 2023
0 минути

Нашиот сограѓанин Даниел Илиев успешно се претстави на Меѓународниот маратон наречен „Полноноќно сонце“ кој се трчаше во градот Тромсо (Норвешка) изминатата сабота.

На патеката долга 42 километри во конкуренција на 6.000 маратонци од целиот свет со време повеќе од 6 часа Илиев успеа да стигне на целта и да го оправда она што го вети пред заминувањето за Норвешка.

„Задоволен сум од настапот на маратонот во Тромсо. Се трчаше низ улиците на еден прекрасен град а долж целата патека населението само ги стимулираше маратонците да истраат до крај. Овој маратон за нив е традиција а за прв пат се има одржано 1990 година. Да трчаш на ваков маратон во земја каде сонцето во овој период од годината не заоѓа и се белите ноќи присутни тоа е чувство што само може да се доживее“ рече Даниел Илиев по завршувањето на трката.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ