СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА НУ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ТАНЕЦ“ ОД СКОПЈЕ

јуни 21, 2023
0 минути

Под мотото „Изворни минијатури“ НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од Скопје во Вторник (27 Јуни) во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 20:00 часот ќе одржи спектакуларен концерт.

На концеретот ќе бидат изведен народните ората: „Манукот“, „Глувонемо“, „Копачка“, „Ситното“, „Машкото“, „На три пата“, „Патрунино“, „Малешевка“, „Кукурику петле“, „Тоска“, „трченица“, „Адана“ и „Ситна листа“, како и песните: „Рашири оро девојко“, „Лено, Јелено“, „Там дек ќе падне моја руса коса“, „Ој јаворе, јаворе“, „Тури мајко, тури“, „Задремала, џанам, млада невеста“, „Димитрија, деј гиди, џанам“, „Ранила мома“ и „Седна лудо да вечера“.

Влезот е 100  денари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ