ДЕБАТА ВО МКЦ – „ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ: ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА“

октомври 4, 2023
1 минути

В четврток, 5 октомври, со почеток во 11:30 ч., во салата на катот во Мултикултурниот центар во Кочани, ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, организира јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“.

Општина Кочани ги поканува заинтересираните да се вклучат во дебатата, по која ќе се направат нацрт-заклучоци и препораки што ќе бидат разработени и упатени на соодветни институции и организации.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ