Никако да се научиме да си ја завршиме до крај започнатата работа. На почетокот на месецот поради дефект на водоводна или канализациона мрежа на улицата „Димитар Влахов“ во непосредна близина на продавницата „Штил“ беше ископана погоема дупка на која неколку денови се работеше.

Откако завршија работите ископаната земја беше вратена кај ископот, работниците си заминаа и остана простор без асфалт на кој лесно може некој од возачите да си ги оштети гумите.
Препорачливо е да надлежните служби час поскоро интервенираат и до крај да си ја завршат работата.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
