ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ НА ФЕСТИВАЛОТ „СУРВА“ ВО ПЕТРИЧ (РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА)

јануари 17, 2026
1 минути

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот.

Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со претставници на локални самоуправи и културни институции од различни држави. На средбите беа разменети мислења и идеи за унапредување на меѓународната соработка, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во областа на културата и туризмот.

„Фестивалот „Сурва“ е одличен пример како традицијата и културата можат да бидат мост за поврзување меѓу народите, за градење нови партнерства и пријателства кои во иднина можат да резултираат со конкретни соработки и проекти“ изјави градоначалникот Грозданов.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ