„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА

септември 28, 2024
1 минути

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во Оризари.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ