В недела, 5 октомври 2025 година, со почеток во 10 ч., ќе се одржи симболично издание на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, којашто ја организира Општина Кочани.
На нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе го прикажат обичајот зажнејување.
Во рамките на овој настан, ќе му биде доделена награда на најуспешниот оризопроизводител.
Исто така, професори од Земјоделскиот факултет при УГД ќе го претстават проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.
Поради трагедијата на 16 март во Кочани, годинава на манифестацијата не се поканети гости, делегации и учесници уметници.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ