ДЕСЕТ ГОДИНИ „ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКИОТ АФОРИЗАМ“ ВО КОЧАНИ

декември 12, 2022
0 минути

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани беше домаќин на средбата Десет години „Вечер на Македонскиот афоризам во Кочани“ кој го организираше Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија – Кочани“.

Во присуство на љубители на хуморот и сатирата, како и сегашни некогашни учесници на македонскиот афоризам се читаа афоризми напишани во десетгодишната традиција.

„Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија од Кочани постои осум години а досега истото има реализирано десет настани низ Македонија. Од 2013 години успешно опстојуваме а се надеваме дека така ќе продолжиме и во иднина. Ние како здружение ја организираме вечерта на Македонскиот афоризам која последните три години ги организиравме на отворен простор. Според нашиот статут здружението освен оваа манифестација има можности да организира и други настани од областа на хуморот и сатирата, да врши промоција на книги, да подржува настапи на наши автори на други манифестации. Токму во овие последни години ние имаме организирано освен овој настан и околу шеесетина други манифестации„ истакна Јане Атанасов – Претседател на ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија – Кочани“.

С. Ивановски