Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани со победа го завршија есенскиот дел од првенството во „Трета кошаркарска лига – група 1“.
Тие во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во доста интересен и до самиот крај неизвесен натпревар ја совладаа мошне добрата екипа на „Вардар“ од Скопје 73:67 (19:13; 12:25; 25:16; 17:13).
Самиот резултат по четвртини покажува каков натпревар одиграа двете екипи по кој сепак бодовите заслужено останаа во Кочани.
Стрелци за екипата од Кочани: Лазарев 19, Илијев 14, Петрушевски 12, Ивановски 11, Коцев 8, Манасиев 6, Златков 3.
С. Ивановски