Во знак на почит и солидарност со повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претставници на компанијата „Лекер – Везешари“ од Тетово, доделија пакети со производи како поддршка за настраданите.

Претставниците на компанијата истакнаа дека оваа донација е израз на човечка грижа и солидарност.
„Производите што ги доделуваме се само симболичен гест со порака дека постојано мислиме на нив. Веруваме дека заедништвото и поддршката се најпотребни во вакви моменти“ изјавија од „Лекер – Везешари“.

Градоначалникот Владко Грозданов упати благодарност до општествено одговорната компанија и нагласи дека Општина Кочани останува посветена на континуирана поддршка на повредените и нивните семејства.

„Во овие тешки моменти најважно е да покажеме дека никој не е сам. Општина Кочани ќе продолжи со сите расположливи ресурси да им помага на повредените и на нивните семејства. Поддршката нема да изостане ниту сега, ниту во периодот што следува“ – истакна Грозданов.

Општина Кочани и во наредниот период ќе продолжи да координира активности и иницијативи насочени кон помош и олеснување на последиците од несреќата.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
