Премиерот Ковачевски, по извршениот увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани, истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.
Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.