ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИЈА „ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“

Во Спорт
септември 7, 2022
1 минути

По повод една година од своето постоење како и денот на независноста на Република Македонија, Академија „Чешиново-Облешево“ организира еднодневен фудбалски турнир.

Турнирот ќе се одржи на фудбалскиот терен во Чешиново а на истиот ќе учествуваат: ГФК „Осогово“ (Кочани), „Фудбал старс“ (Кочани), „Академија Постолов-Пандев“ (Штип), „Брегалница (Штип) и домаќинот, организаторот на турнирот Академија „Чешиново-Облешево“.

На трите првопласирани екипи ќе им бидат доделени пехари а ќе бидат прогласени и најдобриот голман, стрелец и играч.

На турнирот право на учество имаат генерациите 2010-2011, 2012-2013, 2014 и 2015.

Турнирот ќе стане традиционален.

С. Ивановски