По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост во Кочани.

Во присуство на директорката на Центарот за социјални работи Марија Гицова и на стручни служби, на децата што ги користат услугите од Дневниот центар им беа доделени подароци и беше разговарано за нивните потреби и за тековните активности.

– И како граѓанин и како градоначалник сметам дека овој ден не е единствен кога треба да направиме нешто за овие лица, туку денес треба да се потсетиме на нашите постојани обврски кон нив – истакна градоначалникот Грозданов.

Во насока на подобрување на можностите за лицата со попреченост, Општина Кочани, граѓанска организација и СОУ „Љупчо Сантов“ го реализираат проектот „D-DAYS“ од програмата „Еразмус плус“, во кој целна група се децата со попреченост. Проектот има за цел да им ги подобри вештините на децата со попреченост и да ја помогне нивната инклузија.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
