ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОДРЖА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА

декември 11, 2025
1 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа состанок со директорите на основните и на средните училишта во Општина Кочани, на кој присуствуваше и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев со стручните служби.

На состанокот се разговараше за можните решенија за справување со наталожениот долг на училиштата кон комуналното претпријатие.

Директорите ги презентираа финансиските планови на училиштата за 2026 година и со службите за финансии од Општина Кочани ги усогласуваа годишните планови со Буџетот на Општина Кочани за идната година.

На дневен ред беше и реализацијата на инфраструктурни проекти и други активности на училиштата, како од општинскиот буџет така и во соработка со Министерство за образование и наука и со Владата.

Се дискутираа и предлог-програмите за 2026 година за поддршка на образованието и за спорт, при што беше ставен акцент на можноста за бесплатно користење на училишните спортски сали.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ