ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО РАКОМЕТНИТЕ НАВИВАЧИ ОД КОЧАНИ

јануари 26, 2026
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари средба со навивачите на Македонската ракометна репрезентација од Кочани, кои беа дел од верната поддршка на нашите ракометари на Европското првенство во Данска.

Навивачите ги споделија своите впечатоци од патувањето, атмосферата на натпреварите и дружењето со навивачи од други земји, а особено ги истакнаа топлиот прием и гостопримството од страна на домаќините. Тие нагласија дека спортот уште еднаш ја потврдил својата моќ да ги поврзува луѓето без разлика на националноста и растојанијата.

Под мотото „Растојанието исчезнува кога срцата стојат заедно“, отпечатено на маичките на навивачите, тие ја однесоа пораката за заедништво, лојалност и безрезервна поддршка за Македонската репрезентација, а назад ја донесоа поддршката од Данците за побрзо закрепнување на Кочани по несреќата на 16 март 2025.

Градоначалникот Грозданов им се заблагодари за достоинственото претставување на Кочани и на Македонија во странство, истакнувајќи дека

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ