ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ НА СРЕДБА СО ОДГОВОРНИТЕ СЛУЖБИ – НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА ВО МИРНА АТМОСФЕРА

јануари 1, 2025
0 минути

Денеска, на првиот ден од Новата 2025 година, Градоначалникот Љупчо Папазов ги посети надлежните служби за редот и безбедноста за време на празниците, Полициската станица – Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани и ЈЗУ Општа болница Кочани, кадешто им ја честита Новата 2025 година и се информираше за работата на службите во текот на новогодишната ноќ.

На средбата со началникот на кочанското Одделение за внатрешни работи Марија Маневска и со претставници од ОВР, беше констатирано дека во текот на вчерашниот ден, за време на дочекот на Новата година и во текот на ноќта, службите поминале без интервенции. Истото го констатираа и дежурната екипа при Територијалната противпожарна единица во Кочани и директорката на ЈЗУ Општа болница Кочани, Кристина Серафимова од каде градоначалникот беше информиран дека новогодишната ноќ поминала исто така мирно, без интервенции.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ