ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ СО ПОВИК ЗА ДОСТОИНСТВЕНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 16. МАРТ

март 11, 2026
1 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од трагичниот настан во Кочани, денеска одржаа прес-конференција, на која упатија препорака за достоинствено одбележување на 16 март, со длабока почит кон загинатите и со искрена грижа за закрепнување на повредените.

Во тој контекст,  градоначалникот упати препорака до сите јавни институции и правни субјекти:

„Ги повикуваме институциите, во рамките на своите можности и организацијата на работниот процес, да покажат разбирање и да создадат услови граѓаните и вработените достоинствено да оддадат почит и да учествуваат во активностите посветени на сеќавањето на жртвите. Воедно упатуваме апел и до правните субјекти од приватниот сектор, согласно нивните можности, да ја поддржат оваа иницијатива и да придонесат кон достоинствено одбележување на овој ден на сеќавање. Наша заедничка обврска е да ги зачуваме сеќавањата, да покажеме почит кон загинатите и да останеме покрај повредените и нивните семејства. Кочани никогаш нема да ги заборави своите деца, но Кочани ќе продолжи да живее – со достоинство, со солидарност и со надеж“  истакна Грозданов.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ