Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов изврши увид на состојбите во инфраструктурата во селото Тркање. Заедно со претставници од Секторот за градежно земјиште и со советничката од Тркање Милена Јанева, посетија неколку клучни локации во населеното место.

При теренската посета, со претставници на Месната заедница Тркање разговараше за приоритетните проекти неопходни за подобрување на инфраструктурата и на условите за живеење во Тркање. Според планирањата, наскоро ќе се отпочне со поставување канализација, а во програмите за развој, за наредната година се влезени и активности за бетонирање и асфалтирање на неколку улици.
Градоначалникот најави дека Општината ќе продолжи активно да работи на реализација на договорените активности.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
