Градоначалникот Владко Грозданов денеска го посети Градскиот пазар во Кочани, со цел заедно со продавачите и купувачите, непосредно да ги сподели предизвиците со кои тие се соочуваат на оваа јавна површина.

„На овој простор кој има големо значење за секојдневниот живот во нашиот град, но и за локалната економија констатиравме дека сегашната организација на пазарниот простор може да создаде пречки во сообраќајот, особено за возилата за итна интервенција. Затоа со трговците посочивме на потребата од поставување тезги на начин што ќе овозможи безбеден, функционален и уреден пазар за сите“.

Градоначалникот Грозданов го посети и зелениот пазар каде што разговараше со продавачите за потребата од редовно одржување на хигиената.
„Чистиот и уреден пазар е одраз на нашата заедничка одговорност и на грижата за здравјето на граѓаните – порача градоначалникот, посочувајќи дека секој од продавачите треба да го собира отпадот во вреќи, за на крајот на пазарниот ден да не се создава грда слика и поголем обем на работа на комуналците“.

Поради катастрофално лошата состојба во која се наоѓаат јавните тоалети во кругот на Градскиот пазар, градоначалникот Грозданов најави итна интервенција на тој план, како и активности за модернизација и унапредување на пазарната инфраструктура.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
