ГРАДОТ СЕ ЗАДУШУВА ВО ЧАД А НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА

мај 21, 2023
1 минути

Како што јавуваат наши сограѓани некој нешто ако не секој ден барем преку еден дена пали оган од каде излегува густ чад кој го загадува и те како воздухот.

Како што ни пишуваат најчесто се палат кабли од кои се вади бакар кој понатака се продава.

Жителите во чии близина сето ова се случува досега неколкупати се јавувале и во Противпожарната служба и во Полицијата но секогаш тие едни на други ја префрлале одговорноста.

И додека никој не сака да ја презеде одговорноста за да интервенира, воздухот и понатака некои „ситни души“ ќе ни го загадуваат.

Време е некој да се осмели и да ги фати пироманите, нормално и да им изрече соодветна казни.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ