Продолжуваме да ги објавуваме известувањата (текстовите) од незадоволни граѓани кои побрзо од кој и да е ги нотираат неправилностите кои се случуваат во нашата општина. Во неделата добивме нов текст како што е наведено поддржан од група граѓани а се однесува за семејствата во Старата касарна. Текстот Ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани, пред година дена поточно пред новогодишните празници Општина Кочани и сите медиуми информираа дека градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов одржал работен состанок со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и со директорот на ЕВН КЕЦ – Кочани Стојан Марков, на кој се разговарало за олеснителните можности за приклучок на електричната енергија на локации во Кочани
Работниот состанок бил во рамките на постапувањето на Општина Кочани по донесена одлука од Советот на општината за финансиска поддршка на семејствата во Старата касарана. Според тогаш договореното и одлуката на советот семејствата од Старата касарна требаше три месеци да користат електрична енергија од уличното осветлување, што значеше дека истата ќе им ја плаќавме ние жителите на Кочани. Од тогаш поминаа не три месеци туку една година а како што дознавме од вработени ние и понатака на тие семејства еве година дена им ја плаќаме потрошената електрична енергија. Апелираме општината да формира комисија да влезе во тие простории на касарната и да види со колку и со какви грејни тела си ги затоплуваат просториите. Потрошувачката на електрична енергија е огромна а просториите се потопли од секоја бања. Ако веќе ЕВН и Општина Кочани решиле и понатака ние жителите на Кочани да им ја плаќаме потрошената електрична енергија на семејствата од касарната тогаш зошто да не се направи обид да по истиот начин потрошена електрична енергија не плаќаат и други сосема загрозени семејства од општината, а средствата по половина нека ги надоместува не само општина Кочани туку и ЕВН. Верувајте дека такви семејства има многу кои не знаат како да врзат крај со крај во месецот. Однапред благодариме за поставување на објавата на вашата страница“.
Група граѓани
Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
