ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО, ПАТЕКАТА И ПЕСОКОТ ВО БАВЧАЛУК ПРЕПОЛНИ СО СРЧИ ОД СКРШЕНИ ШИШИЊА

мај 7, 2025
0 минути

Наш читател ни испрати фотографии и текст за моменталната состојба со игралиштето во СРЦ „Бавчалук“ во Кочани. Во текстот кој го пренесуваме во целост се вели:

„Се надевам дека ќе го објавите ова мое кратко обраќање. Се работи за местото Бавчалук каде од неодамна се поставија нови клупи, игралиштата се средија а се ставија и канти за отпадоци. Но дали до нас луѓето е или не знам што, моментно ситуацијата во Бавалукот е многу лоша. Има ѓубре во кантите за отпадоци, околу нив, на зелените површини, а срчи од скршени шишиња насекаде и по патеката и во песокот, а овде доваѓаат мали деца да си играат. Се надевам дека овој краток текст ќе го прочитаат и од Водовод и ќе сакат да дојдат да интервенираа да се среди малку ситуацијата. Доколку го објавите текстот ви благодарам“

С.  Ивановски:

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ