ХОТЕЛ „АМОР“ – КОЧАНИ, ДЕСЕТ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

мај 10, 2025
0 минути

По повод прославата 10 години постоење на Хотел „Амор“ – Кочани менаџерскиот тим се потруди да понуди новитети за своите клиенти.

За да клиентите бидат уште повеќе задоволни од целокупната понуда, деновиве заврши реновирањето на салата која беше наменета за свадбените свечености.

Од сега младенците и нивните гости ќе имаат сала со поинаков и поубав амбиент а кога на сето тоа ќе се додаде прекрасното мени тогаш нема сомнежи дека задоволството на сите ќе биде уште поголемо.

И како што најави менаџерскиот тим на хотелот, овде нема да застанат, во план се уште некои новини за кои клиентите благовремено ќе бидат известени.

Десет години Хотел „Амор“, десет години традиција, традицијата мора да продолжи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ