ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ВО ЧЕСТ НА ЈОРДАНЧО ЏАМОВ И СИТЕ ДРУГИ 62 ЖРТВИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“

јуни 16, 2026
1 минути

Хуманитарен настан организиран од семејството и пријателите на Јорданчо Џамов и 62-те жртви ОД трагедијата во „Пулс“ се одржа во текот на синоќешните часови во „Паркот на Револуцијата“  во Кочани.

Сонот на Јорданчо Џамов кој студираше мода и дизајн и чија голема желба беше да организира сопствена модна ревија овој пат со хуманитарна модна ревија во јаве го претворија студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Во рамките на програмата беа прочитани и извадоци од меморијалната книга од другарките на Џамов, Ружица Блажева и Наталија Ајтовска посветена на 63-те Ангелчиња.

На настанот свој удел со својот настап дадоа и Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева, локалните музичари Јоле и Тања, како и ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.

На самиот крај беа пуштени бели балони во знак на сеќавање и почит кон сите 63 ангелчиња.

Средствата собрани од хуманитарната модна ревија ќе бидат наменети за изградба на спомен обележјето „Патека на бесконечноста“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ