Денес, Ротари Клуб Кочани–Виница донираше цистоскоп за Одделението за урологија при Клиничка болница – Штип, во вредност од 212.000 денари, обезбедени од средствата на клубот.
Покрај оваа значајна донација, беше предадена и вредна донација од нашите партнери LetzCare Safet Alili и GNTC Foundation www.gntcfondi.com/ од Косово. Донацијата се состои од:

10 концентратори за кислородна поддршка,
10 инвалидски колички,
32 ролатори за поголема подвижност на пациентите,
2 моторизирани лифта за физикална терапија,
медицински кабли и потрошен медицински материјал, инфузиски комплети Venofix, санитарни прекривки за душеци, медицински помагала санитарен материјал за операции и секојдневна работа, како и друг медицински инвентар .

Оваа донација немаше да биде реализирана без поддршката на нашите долгогодишни партнери LetzCare, Safet Ali и GNTC Foundation, на кои им упатуваме искрена благодарност за нивната доверба, поддршка и хуманост.

Нивната поддршка овозможува реализација на проекти што директно придонесуваат за подобрување на условите за лекување и грижата за пациентите. Заедно покажуваме дека хуманоста и партнерството создаваат вистинска вредност за заедницата.

Посебна благодарност до раководството и медицинскиот персонал на Клиничка болница – Штип за успешната соработка и посветеноста кон пациентите.
Продолжуваме понатаму со нови проекти, нови донации и нови можности за помош на оние на кои таа им е најпотребна.

Service Above Self
Ротари Клуб Кочани–Виница
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
