И ПОНАТАКА КЈП „ВОДОВОД“ ОСТАВА ХАОС ПО „ЗАВРШЕНАТА“ РАБОТА

август 27, 2024
0 минути

Вработените од КЈП „Водовод“ никако да ги сменат навиките. Години наназад сме сведоци од реакции на граѓани за започната а незавршена работа до крај. Денес добивме реакција од жители од улицата „4. Македонска бригада“ кои реагираат на однесувањето на вработените од КЈП „Водовод“ – Кочани.

Имено, како што изјавуваат во петокот вработени од комуналното претпријатие ископале дел од улицата „4. Македонска бригада“, го отстраниле дефектот а ископаната земја ја оставиле на самата улица така да освен возила сега проблем е и за пешаците кои мора да се снаоѓаат како да поминат.

Се јавиле првиот работен ден со реакција во КЈП „Водовод“, но за жал ниту некој дошол ниту некој им кажал кога улицата ќе се врати во претходната состојба.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ