ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА ОПШТИНИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА СИ ГИ ПЛАЌААТ

ноември 6, 2024
1 минути

Уште на жителите на Кочани кои десетти ден протестираат поради неконтролираното носење смет на Градската депонија од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево не се исполнети до крај сите барања, кога сега жителите на Кочани и околните села се судруваат со ново-стариот проблем, „сиротите“ земјоделци откако го собраа оризот почнаа да ги палал стрништата.

Ваквото палење на стрништата изминатите години покажа дека може многу лесно да се претвори во голем пожар кој честопати ги загрозуваше и куќите во некои села, И како по некое правило тогаш градоначалниците од тие општини бараат да интервенира Територијалната Противпожарна Единица – Кочани како и Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани.

И откако огинот ќе се изгаси и ќе нема страв од запалување на некои објекти, од утредента повторно истото сценарио, и така во недоглед.

И како што обично бива во вакви ситуации услугите дадени од оние кои го изгаснале пожарот се забораваат.

За да не биде така помалите општини нека постапат според законот, нека си отворат противпожарни служби во кои ќе си вработат луѓе (нормално со помината обука) од општината или пак нека почнат да си ги плаќаат услугите, а не како до сега во стилот „ние сме мали општини и немаме пари“. Има многу начини да си ги решат проблемите а не и понатака да мислат дека Општина Кочани е крава молзница па ќе ги искористуваат нејзините капацитети во недоглед.

Така не може, во иднина навиките мора да бидат сменети.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ