ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ЛОВ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ЛОВЏИЈА ОД КОЧАНИ

јануари 2, 2022
0 минути

Во селото Јастребник во близината на Кочани утринава за време на лов се случил инцидент во кој е повреден ловџија од Кочани.

Педесет и петгодишен ловџија бил тешко повреден при истрел од ловечка пушка од негов колега.

Несреќниот ловџија се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот а поради стрмниот и непристапен терен морале да интервенираат екипите од ТППЕ – Кочани кои откако го извлекле го предале на итната медицинска помош која го транспортирала во Општа болница со проширена дејност – Кочани од каде поради сериозноста на повредата е префрлен на болницата во Штип.

На место на настанот излезена е увидна екипа од Одделението за внатрешни работи – Кочани која ловџијата кој пукал кон својот колега го привеле и против истиот е поведена истражна постапка, додека ловџиската пушка му била одземена.

С. Ивановски