Иван Иванов кој во моментот ја извршува функцијата в.д. директор на КЈП „Водовод“ од Кочани е избран за претседател на УО на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија (АДКОМ).
Иванов едногласно беше избран од страна на петнаесетте претставници на комуналните претпријатија во Република Северна Македонија,.
АДКОМ е невладина и непрофитна организација, во која членуваат Јавните комунални претпријатија од РСМ и истата ги застапува нивните интереси со цел подобрување на условите за работа и спроведување на активности за унапредување на комуналната дејност и подобрување на ефективноста и ефикасноста на работењето на комуналните претпријатија.
С. Ивановски