ИЗГРАДБАТА НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „СТРИШАНСКА ЧЕШМА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

јануари 18, 2023
0 минути

Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек и поставување на потребната сообраќајна сигнализација на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма.

Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци.

Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж на раскрсницата.

Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“.