СО ВЕШТИТЕ РАЦЕ И ИДЕИТЕ НА УМЕТНИКОТ ПУЧО ВО ЦЕЛОСТ РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „ОБОЈ ГО КОЧАНИ

мај 10, 2026
1 минути

Саботата и неделата беа одбележани со уметничкиот настан „Обој го Кочани“ во кој градот беше претворен во простор за креативност, дружба и нова енергија.

На Големите скали во Трговскиот Центар уметникот Аспарух Михаилов – Пучо, во текот на двата дена, ги претстави содржините со кои градот на негов начин беше обоен со идеи, уметност и заедништво.

Инаку самиот овој проектот е поддржан од Европската Унија, со цел да се поттикне локалната креативност, заедништво и активното учество на заедницата во културни иницијативи.

Со самиот овој проект источниот дел од трговскиот Центар во Кочани добија нешто ново, креативно и освежување кое и те како му беше потребно.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ