ИЗВАДЕНО БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛО ОД КАНАЛОТ КАЈ ОРИЗАРИ

јули 26, 2023
0 минути

На 25.07.2023 во 18.05 часот во СВР Штип било пријавено дека во вода во канал за наводнување во близина на населбата Оризари, кочанско, била пронајдена почината С.А.(77) од Оризари, за која на 24.07.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Екипа на Територијланата противпожарна единица го извадила телото, а смрт без траги насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Соопштение  на  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ