ЗА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ ЗАКАЖАНА 31-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

јули 26, 2023
1 минути

В понеделник, на 31 јули, со почеток во 12 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 31. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки:

  1. Годишен план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2024 година
  2. Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023/24 година
  3. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
  4. Барање согласност за згрижување на поголем број деца, односно помал број деца во воспитните групи во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  5. Предлог-одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  6. Годишен план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2024 година
  7. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година
  8. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во период од 01.01 до 30.06.2023 година
  9. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани на згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани
  10. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2023 година
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
  15. Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2023 – 2025 година
  16. Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на отворени и затворени спортски игралишта – типско повеќенаменско рекреативно игралиште
  17. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2023 година
  18. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за култура на општина Кочани за 2023 година
  19. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2023 година
  20. Изменување на критериумите за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2023 година
  21. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за вториот квартал од 2023 година
  22. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година (ребаланс).

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ