ИЗВИДНИЦИТЕ СО УШТЕ ЕДЕН ПРАКТИЧЕН ДЕН

октомври 16, 2022
1 минути

Пријатното и сончево време членовите на ИО „Ластовица“ од Кочани го искористија повторно да излезат во планина. Вчера, сабота (15.10.2022г.) 40 извидници и неколку симпатизери на одредот имаа целодневна настава во природа. Активностите започнаа од ЗРЦ Пониква со извиднички марш до врвот Панаѓур (1669м.). Трасата беше долга околу 7км. а децата уживаа во есенските бои на природата околу 3 часа. Попатно имаа можност

да видат предели со изобилство на печурки и капини, кои пркосејќи му на октомврискиот студ ги засладуваа младите истражувачи. По кратката пауза за ручек, во дворот на инфо центарот се одржа и вториот дел од извидничкиот ден. Се организираа повеќе вообичаени извиднички активности, но најпривлечни и овој пат беа стреличарството и популарната игра „Џенга“.

Со ова, кочанскиот одред ги заокружи есенските активности на планина.

Продолжуваме според зацртана програма за теоретска настава и кратки прошетки во околината на градот. Следниот престој во планина ќе биде зимскиот извиднички капм, кој традиционално се одржува за време на зимскиот распуст. Но, никогаш не се знае.

Можеби есенското сонце ќе ги натера извидниците на уште една посета на некој планински врв.

Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат и да бидат дел од овие поучни и забавни настани.

ИО „Ластовица“ – Кочани