ЈА КРИЕ ЛИ НЕКОЈ ЛИСТАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ИМИЊА НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО КОЧАНИ?

април 6, 2026
1 минути

Пред повеќе од четири години (25.02.2022 година) Советот на Општина Кочани утврди  Листа за определување имиња на улици, пклоштади, мостовии на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Кочани.

За имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани се определуваат:

Улици

Коце Ефремов

Борис Стојчев

Симеон Иванов Канго

Љупчо Василев

Други инфраструктурни објекти

Сашо Лазарев – Чапо

Јордан Манов- Ѓавол

Листата се доставува до Владата на Република Северна Македонија, за добивање согласност.

За жал и до ден денес и по повеќе од четири години именувањето не е спроведено. Се поставува прашањето дали таа листа е уште во некоја од фиоките на надлежните во општината или од тогаш иако се сменија две Влади н секогаш Кочани се става на страна.

Некој треба да понесе одговорност.

Еве што беше објавено во материјалите на општината за утврдената Листа:

Врз основа на членот 5, став 2 од Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 55/07, 145/10, 136/11,163/13 и 147/15) Советот на Општина Кочани на седницата одржана на 25.02.2022 година, утврди

Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани

  • За имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани се определуваат:
  • Улици

-Коце Ефремов

– Борис Стојчев

– Симеон Иванов Канго

– Љупчо Василев

2)  Плоштади

 /

3)  Мостови

-/

4) Други инфраструктурни објекти

 Сашо Лазарев – Чапо

– Јордан Манов- Ѓавол

  1. Листата, согласно членот 5 од Законот за определување на имињ на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти се доставува до Владата на Република Северна Македонија, за добивање согласност.

III. Листата за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачје на Општина Кочани влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Кочани“, а ќе се објави по добивање на согласност од Владата на Република Северна Македонија.

Бр. 09- 619/1                                                                  Претседател                                                                           25.02. 2022 година                                        на Советот на Општина Кочани,

К о ч а н и                                                                     Лазо Митев

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ