ЈОРДАНЧО КОСТАДИНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

мај 5, 2022
1 минути

Јорданчо Костадинов е новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во општина Чешиново – Облешево.

Тој е долгогодишен член на партијата, а во моментов работи како одделенски наставник во ООУ „Климент Охридски“ во Облешево. На претседателското место Костадинов доаѓа по Далибор Ангелов кој е актуелен градоначалник на Општина Чешиново – Облешево.

Во партијата ги има поминато сите партиски филтри, од комисии, претседател на МК Теранци, член на ОК, секретар на ОК а во минатото и еден од основачите на УМС.Член е од 1997 година.

Во периодот кој следи ќе има партиски освежувања и засилувања, како и обединување на сите во едно силно ВМРО.