ЈОВАНА ДАВИТКОВА ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ ЗА УЧЕНИЧКИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

декември 9, 2022
0 min read

Во организација на ФУСМАК (Федерација за училиштен спорт на Македонија) денес во ПСУ „Јахија Ќемал“ во Скопје се одржа Државното првенство во шах за учебната 2022/2023 година.

Јована Давиткова ученичка во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани под менторство на професор Ивица Цимбаљевиќ супериорно го освои првото место.,

Давиткова одигра шест партии и забележа исто толку победи што ја промовираше во Државен првак во учебната 2022/2023 година за ученички од основните училишта.

Јована веќе неколку години во континуитет е освојувач на први места во нејзина конкуренција како во настапите за училиштето, така и за екипата во која што настапува.

С. Ивановски