„ДЕСПИНА“ ОД ПРИЛЕП ПРЕСИЛНА ЗА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
септември 27, 2022
0 минути

Денешното 4. вонредно коло од Првата Фудбалска Лига за жени не донесе никакво изненадување, Фаворитите со нови три бода ја продолжуваат битката за највисок пласман. На петте натпревари постигнати се вкупно 41 погодок или во просек 8,2 по натпревар што јасно го покажува јазот помеѓу квалитетот на екипите.

Кочанчанки по освоениот бод во Речица во минатото коло повторно со висок пораз на домашен терен. Поразени се од екипата на „Деспина“ од Прилеп без притоа да имаат можност да ја затресат барем еднаш мрежата на прилепчанки. Дерби натпреварот во Струмица им припадна на домаќинките. Во натпревар полн со неизвесност „Тиверија“ ја совлада солидната екипа на „Скопје 2014“. Во Струга домаќинот „Ас Јунајтед“ немаше тешка задача против екипата на „Шкендија“, додека екипите на „СЦ Истатов“ и „Љуботен“ ја наполнија мрежата на своите противници.

Резултати од 4. коло:

„Кочани“ – „Деспина“  0:7

„Ас Јунајтед“ – „Шкендија“  5:2

„Борец“ – „СЦ Истатов“  0:8

„Тиверија“ – „Скопје 2014“  3:2

„Љуботен“ – „Речица“  14:0

Слободна во ова коло беше екипата на „Каменица саса“.

Во следното 5. коло „Кочани“ и гостува на екипата на „Скопје 2014“.

С.  Ивановски