Низ фотографии, дел од нашата архива сакаме да им ја доловиме атмосферата на нашите помлади генерации, со цел да видат како во Кочани се празнуваше денешниот ден, 1. Мај, Меѓународниот ден на трудот. Се организираше Првомајската парада во која учествуваа работните колективи, учениците, спортистите, војската и секако плех музичарите.

Тогаш работникот беше ценет, без минимална плата, со сигурно работно место, редовен годишен одмор, грижа од државата за нив и за нивното семејство.
Работникот знаеше како на тој ден кога се организираше Првомајската парада да им се оддолжи на своите сограѓани.

Она што го имаа како дејност го презентираа пред масата жители на Кочани кои речиси сите на тој ден беа на улиците, Тоа беше маса од народ кој будно ја следеше целата церемонија.
Токму овие фотографии направени во нова верзија зборуваат за тоа.






С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
