КАНДЕЛАБРИТЕ ПОКРАЈ „КОЧАНСКА РЕКА“ ПОТОНАА ВО МРАК

ноември 15, 2025
1 минути

Повеќе од половина месец канделабрите кои беа поставени на двата кеја на „Кочанска река“ се птонати во мрак.

Ако на левиот ќеј има и по некоја што свети оние на десниот кеј од мостот кај плоштадот па се до „Крушарски мост“ се во потполн мрак.

За причините зошто канделабрите се во потполн мрак може само да погодуваме, но факт е дека „Кочанската река“ во централното градско подрачје е потоната во мрак нешто што ни малку не им се допаѓа на жителите.

Сета среќа е што од другата страна на улицата „маршал Тито“ има осветлени излози кои колку-толку сепак даваат некаква светлина.

Време е да се заменат светилките и да ќејовите на „Кочанска река“ да се „капат“ во светлина.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ