КАНДИДАТОТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН ПРЕСИЛЕН ЗА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
октомври 31, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од одложеното 10-то коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ го пречека „Скопје 2014“ еден од кандидатите за највисок пласман и голем фаворит на овој натпревар. Скопјанки со головите на Дервиши и Панева и еден автогол во периодот од 37’-43’ го решија натпреварот во своја полза.

Девојчињата од Кочани загубија но не разочараа, се бореа за секоја топка но квалитетот беше на страна на гостинките.

Инаку лидерот на табелата „Љуботен“ кој до сега имаше стопостотен учинок ги загуби првите бодови во ова првенство откако на гостувањето кај „Истатов“ ремизираше.

„Каменица Саса“ предводена од разиграната Димитровска ја декласираше „Речица“. „Брера Тиверија“ како домаќин и „Ас Јунајтед“ како гостин дојдоа до три бода.

Резултати од 10-тото коло:

Кочани – Скопје 2014  0:3

Истатов – Љуботен  2:2

Каменица Саса – Речица  9:1

Брера Тиверија – Топ Гол  1:0

Вардар – Ас Јунајтед  1:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ