Економија
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“. Изведувачот „Стентон градба“, работи на ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“…
БЕТОНИРАНИ ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ВО КОЧАНИ И ОРИЗАРИ
Во рамките на активностите од Програмата за уредување на градежното земјиште за тековната година, деновиве се бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари. Бетонирана е пристапна патека меѓу улиците „1 Мај“ и „Бел камен“ во Кочани и пристапна патека во месноста Селиште, меѓу улиците „Новопроектирана 10“ и „Осоговска“ во Оризари. Изведувачот „Стоименов“ ја бетонираше…
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Комуналните служби ги продолжуваат активностите за чистење и одржување на хигиената на јавните површини во Кочани. По отстранувањето на малите депонии на повеќе локации во централното градско подрачје, денеска теренски работни активности се спроведоа на улиците „Роза Петрова“ и „Димитар Влахов“, каде што се чистеа рабници, се собираше смет, насобран отпад по улиците и се…
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „МИТЕ СТОЈЧЕВ“ ВО СЕЛО ТРКАЊЕ
Градежните работи се одвиваат на потег со должина од 570 м и ширина од 4 до 4,5 м. Изведувач е „Стоименов“ од Кочани. Финансиските средства во износ од 3.965.590 се од Буџетот на Општина Кочани. Со овој градежен зафат ќе се поправат големите оштетувања на улицата „Мите Стојчев“, којашто го спојува селото Тркање со објектите…
СЕ ПОСТАВУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦАТА „563“ ВО КОЧАНИ
Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија. За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани…
РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНИРАЊЕ НА АСФАЛТНИ ОШТЕТЕНИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ОПШТИНАТА
Во текот на изминатиот период градежна механизација работеше на реконструкција, санација и асфалтирање на повеќе улици во градот. Беа санирани оштетени асфалтни површини на улиците „Душан Петровски“, „Пере Тошев“,„Љупчо Сантов“, „Стамен Манов, „Индустриска“, „Страшо Ербапче“, „Охридска“, „1-ви Мај“, „Бел Камен“ во Кочани, како и улицата „Маршал Тито“ во с. Долни Подлог. Вкупната санирана асфалтна површина…
ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“ ВО КОЧАНИ
Заврши рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани. Изведувачот на работите „Стоименов“ работеше на потег долг 600 м, со ширина 5 метри. Со рехабилитацијата е опфатен и дел од улицата „Христијан Карпош“. Средствата во износ од 3.558.467 денари се од Буџетот на Општина Кочани. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ …
ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД НА УЛИЦАТА „563“ ВО КОЧАНИ
В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани. За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со…
ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ТРИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ
Поради градежни активности, во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улиците „Цар Самоил“, „Гемиџии“ и „Тодосија Паунов“. Времениот режим на сообраќајот за „Цар Самоил“ се однесува за потегот од крстосницата со улицата „14 Бригада“ до крстосницата со улицата „Гоце Делчев“. За улицата „Гемиџии“, времен режим на сообраќајот има на потегот од улицата…
РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ, ТРКАЊЕ И ПРИБАЧЕВО
Деновиве заврши реконструкцијата на неколку улици во Кочани и во населените места Тркање и Прибачево. Реконструиран е дел од улицата „Мите Јорданов“ во селото Тркање, во должина од 200 м, ширина 3, 5 м, со банкини од двете страни. Рехабилитиран е и крак од улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани, во должина од 170 м,…
