ПОЧЕТОК НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА МОСТ ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ „ЛАЗАР АНДОНОВ“ И „ВЕРА КОТОРКА“

април 25, 2026
0 минути

Стартуваат градежните активности за изградбата на мостот на Кочанска Река помеѓу улиците Вера Которка и Лазар Андонов како и изведбата на потисниот цевковод.

Со изградбата на мостот значително ќе се подобри сообраќајната поврзаност и безбедноста во овој дел од градот, ќе се растерети централното градско подрачје во делот кај кружните текови и ќе се растерети сообраќајниот метеж а додека потисниот цевковод ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето , обезбедување чиста и квалитетна вода за пиење , како и поголем притисок на вода до крајните корисници.

Овие инфраструктурни зафати претставуваат важен чекор кон подобри услови за живот и развој на градот.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ