Економија
СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЈА ОСВОИЈА ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
Идејното решение на средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани за решавање на проблемот со загаден воздух беше причината да им биде доделена првата награда на Boodkamp-от кој од 25.04 до 27.04.2023 година се одржа во хотел „Дрим“ во Струга. Денес речиси и не може да се зборува за чист воздух. Но не е во…
КОГА ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ ДОТРАЈАНИТЕ МЕРМЕРНИ ПЛОЧИ СО ГРАНИТНИ?
Поминаа две години откако дотрајаните и оштетени плочи во ГТЦ во Кочани се заменија со црни гранитни кои не само што даваат поубав изглед на комплексот ГТЦ, туку и се покажаа дека се подобри од претходните. Од целиот дел на ГТЦ останува уште да се заменат мермерните плочи околу блокот А па да целиот…
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ – БЕТОНИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“
Деновиве завршуваат градежните активности за бетонирање на крак од улицата „Четврта македонска бригада“. Станува збор за обновување на бетонскиот слој којшто беше раскопан од комунални интервенции и од пороите во невремето што се случи во јули минатата година. Кракот е долг 34 м, а широк 3,5 метри. Градежните работи се реализираа од ГО „Калина“ –…
КЈП „ВОДОВОД“ – ДИСЛОКАЦИЈА НА ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД
Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности, вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот цевковод со дијаметар од 250 mm. Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе…
ПОСТАПКА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЖЕНСКИ СОВЕТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО
По иницијатива на Националната платформа за женско претприемништво, денеска во Општина Кочани се одржа иницијативен состанок за формирање Совет за женско претприемништво за микрорегионот Кочани, Виница и Зрновци. На состанокот присуствуваа претставнички на бизнис-секторот, единиците на локалната самоуправа, граѓански организации и на младите. Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов беше истакната целта…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВРШЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ЗАМЕНА НА ПОТОПНА ПУМПА
Почитувани, Во текот на претходната седмица стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани утврдија технички проблем поради откажување на електромотор на една од потопните пумпи во бунарско лежиште “Грдовски Орман”. За време на викендот беа направени подготвителни работи, за денес да отпочне процесот на вадење на песок и друг поситен материјал од влезната комора на ПЦОВ…
ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖАРДИНИЕРИТЕ
По реакцијата на граѓаните дека до мостот кај Воени отсек повторно нешто се раскопува и пластичните столпчиња веќе се отстранети, одговор побаравме од надлежните во Општина Кочани. Дознаваме дека откако било утврдено дека затворањето на тој премин (приклучокот од Судот кон мостот) се покажа како добро решение за што и сведочеа многуте позитивни оценки од…
НОВ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО М.В. МАЏИРСКИ НИВИ
По барање на граѓаните од место викано Маџирски Ниви, Општина Кочани овозможи нов пристапен пат за полесен пристап со возила до нивните имоти. Овозможен е уште еден пристапен пат наменет за пешаци во областа Кочански Дол, на кој е извршено канализирање. Општина Кочани
ПОСТАВЕНИ НОВИ СЛИВНИ РЕШЕТКИ ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ
Во изминатиот период интензивно се работеше на поставување нови сливни решетки на атмосферската канализација на повеќе локации во градот. На улицата „Страшо Ербапче“ поставени се две нови сливни решетки, една на местото каде се вкрстува улицата „Страшо Ербапче“ со улицата „Роза Петрова“, а една на местото каде се вкрстува со улицата „Мородвиска Епископија“. Нова сливна…
ИЗГРАДБАТА НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „СТРИШАНСКА ЧЕШМА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА
Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек и поставување на потребната сообраќајна сигнализација на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма. Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки….
